2 јули 1900, изведен бил првиот лет со цепелин
На денешен ден, 2 јули, во 1900 година, Фердинанд фон Цепелин го извел првиот лет со дирижабл и тоа над Боденското Езеро во Јужна Германија.
Леталото наречено Zeppelin LZ 1 било експериментално чиј дизајн го направил Теодор Кобер. Успешно летало во воздухот цели 20 минути над Боденското Езеро откако полетало близу Фридрихсхафен, но при слетувањето се оштетило. Било успешно поправено за наредниот лет во октомври истата година.
Иако првиот лет бил успешен, германската Влада не гледала оправдани причини да инвестира во пронајдокот, па финансиерот Фон Цепелин потоа бил приморан да престане да инвестира откако значително му се намалила финансиската моќ.