2 ноември 1947, успешно полетал најголемиот летечки брод
Hughes H-4 Hercules (попознат како Spruce Goose) е прототип на стратешки летечки брод за воздушен транспорт дизајниран и изграден од компанијата Hughes Aircraft. Наменет за трансатлантски летачки транспорт за употреба за време на Втората светска војна, не бил завршен на време за да се користи во војната. Авионот направил само еден краток лет, на денешен ден во 1947 година, и проектот никогаш не напредувал подалеку од единствениот произведен примерок.
Изграден од дрво (Дурамолдов процес) поради воените ограничувања за употребата на алуминиум и загриженоста за тежината, критичарите му го дале прекарот Spruce Goose, иако бил речиси целосно направен од бреза. H-4 Hercules е најголемиот летечки брод што некогаш бил изграден и го имал најголемиот распон на крилата од било кој авион што некогаш летал, сѐ додека Scaled Composites Stratolaunch со два трупа првпат полета на 13 април 2019 година.
Авионот и ден денес е во добра состојба. Откако беше изложен пред јавноста во Лонг Бич, Калифорнија, од 1980 до 1992 година, сега е изложен во „Евергрин авијациски и вселенски музеј“ во МекМинвил, Орегон, САД.