2 септември 1945, завршила Втората светска војна
На палубата на американскиот брод „УСС Мисури”, во Токискиот Залив, Јапонија потпишала безусловна капитулација со што официјално завршила Втората светска војна.
Јапонија била последна членка на поразените сили на Оската која останала да војува, откако претходно капитулирале прво Италија, а потоа и Германија. Јапонците ја загубиле војната откако САД во две атомски бомби ги униптиле градовите Хирошима и Нагасаки.
Покрај на бродот „Мисури“, каде се случило главното потпишување на капитулацијата, на разни други локации каде Јапонија извршила инвазија исто така Јапонците извршиле предавање на оружјето.