15 мај 1935, отворено било Московското метро
Метрото во руската престолнина денес важи за најубаво во светот, во Европа е најпосетено, а било пуштено во употреба на денешен пред 88 години.
Идејата за метро во Москва датира уште од царска Русија, но изградбата била трипати одложувана поради Првата светска војна, Октомвриската револуција и Руската граѓанска војна. Во 1928 бил финализиран проектот, а во 1931 Комунистичката партија донела одлука за почеток на градежните работи. Првото метро имало 10 станици и должина од 80 километри.
Денес Московското метро има 275 станици, 17 линии и должина од 466,8 километри со што е четврто најголемо во светот, или прво ако не се сметаат трите најголеми (сите се во Кина).