21 август 1968, СССР извршил инвазија на Чехословачка
Ноќта на 21 август 1968 година армијата на СССР, потпомогната од силите на членките на Варшавскиот пакт, извршила инвазија над Чехословачка со цел да ја задуши Прашката пролет.
Околу 250 илјади војници од СССР, Полска, Унгарија, Бугарија и Источна Германија влегле во државата чиј народ се бил кренал против комунистичкиот режим. Операција „Дунав“ била најголемата воена акција по Втората светска војна во Европа.
Чехословачкиот народ брзо бил совладан и државата повторно станала дел од Источниот блок.