26 декември 2004, огромно цунами ја опустошило Југоисточна Азија
Во 1 часот и 58 минути по полноќ по средноевропско време земјотрес со јачина од 9,3 степени по Рихтер го потресол тлото во Индискиот Океан западно од индонезискиот остров Суматра и предизвикал разорно цунами.
Брановите високи и до 30 метри ги опустошиле бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Тајланд, Индија, Малдиви, Мјанмар, Малезија, а последици се почувствувале и во Африка каде загинати имало во Сомалија, Танзанија и Сејшели.
Вкупно 184.167 лица загинале од кои 130 илјади во Индонезија, а 43.786 сѐ уште се водат за исчезнати.