30 декември 1922, Русија станала СССР
Со потпис на петорица делегати на денешен ден во Москва се официјализирало преименувањето на Русија во Сојуз на Советски Социјалистички Републики, држава која до 1991 ќе биде позната едноставно како СССР.
Два дена претходно се одржала конференција на делегации на советските федеративни републики Русија, Транскавказија, Украина и Белорусија кои го потпишале Пактот и Декларацијата за создавање на СССР. Двата документа биле потоа потврдени од првиот Конгрес на Советите на СССР и потпишани од лидерите на делегациите: Михаил Фрунзе (Русија), Миха Цхакаја (Грузија), Хрихориј Петровскиј (Украина), Алјаксандр Чарвјакоу (Белорусија) и Михаил Калињин (Русија) како претседател на Конгресот.
Поради болест не присуствувал лидерот на државата, Владимир Ленин.