4 октомври 1824, Мексико прогласил независност
По 11 годишна војна за отцепување од Шпанија, мексиканскиот народ конечно ја добил својата држава првпат по 1521 кога со падот на Теночтитлан Шпанците го освоиле кралството на Ацтеките.
Три години по поразот на Шпанците следувала граѓанска војна во која на крај победила републиката на сметка на монархијата, па на денешен ден бил донесен уставот на Соединетите Мексикански Држави со што и официјално Мексико станало држава.