412 нови случаи, 12 починати и 395 оздравени пациенти од COVID-19

Скопје, 1 октомври 2021 (МИА) – Регистрирани се 412 нови лабораториски позитивни случаи на COVID-19, во изминатите 24 часа починале 12 пациенти, а забележани се 395 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од направени 3.379 тестирања, регистрирани се 412 нови случаи на COVID-19 и тоа во Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од кои пет починати од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар (73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г), Крива Паланка (67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се три лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.

Според информациите на МЗ, регистрирани сe 395 оздравени пациенти. И тоа од Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по еден.

Направени се 3.379 тестирања. Во ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–171, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-152, Биотек-272, Систина-86, лабораторија Лаор-106, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–26, Генеа-5, Никоб лаб-435, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-61, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.316.

Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820, бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.

реклама

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Македонија

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Read more

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Read more

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Read more

Променливо време и температури до 14°C

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе