6 август 1945, САД фрлиле атомска бомба врз Хирошима
На денешен ден американски бомбардер фрлил атомска бомба над Хирошима, убивајќи околу 140.000 луѓе. Три дена подоцна била фрлена втора бомба врз Нагасаки. Две недели подоцна Јапонија се предала, со што завршила Втората светска војна.
Јапонија денеска ја одбележува 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.
Во неделата ѕвоното на мирот заѕвони во 8 часот и 15 минути, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење.
„Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување“, рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, на церемонијата. Кишида, од друга страна, рече дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè поостар, делумно поради руските нуклеарни закани, но дека е уште поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на оваа цел.