7 февруари 1971, жените во Швајцарија конечно добиле право на глас
На денешен ден во 1971 година, 53 години по Германија, 52 години по Австрија, 27 години по Франција и 26 години по Југославија и Италија, жените во Швајцарија конечно добиле право да гласаат на избори.
По стогодишна битка за право на глас, на референдум жените во Швајцарија се избориле да имаат право на глас.
Првите барања потекнуваат од 1868 година од жените во Цирих кои барале право да гласаат, но безуспешно. Во 1893 година Швајцарската Федерација за правата на жените-работнички официјално побарала и жените да имаат право на гласање и да одат на избори. Социјалистичката партија е првата партија која им дала поддршка на жените, почнувајќи од 1904 година.
Во 1959 година имало неуспешен референдум. На 1 февруари 1959 година имало уште еден неуспешен обид за изгласување на референдум.
Конечната победа била издејствувана на 7 февруари 1971 година. Од таа година во парламентот седнале и првите жени пратенички, а секоја од нив била дочекана со роза.