7 ноември 1917, избувнала Октомвриската револуција во Русија
Предводени од Владимир Ленин и Лав Троцки, заедно со меншевиците, левите социјалисти и анархистите, болшевиците успеале да ја симнат привремената влада и вовеле еднопартиска комунистичка власт.
Револуцијата избила во Петроград кој болшевиците потоа го нарекле Ленинград. Денес се вика Санкт Петербург.
Наречена е Октомвриска бидејќи избувнала на 25 октомври според стариот календар. Позната е и како Болшевичка револуција, Црвен октомври и Октомвриско востание.