78-годишна старица по трет пат ограбила банка, полицијата во шок

Макфакс
/ 11.04.2023 / 16:30

Полицијата во Мисури соопшти дека пензионерката Бони Гуч е уапсена во врска со нејзиниот трет грабеж на банка.

Гуч влегла во банката Goppert и ѝ дала белешка на вработена на шалтер во која барала илјадници долари во готовина.

Гуц веќе има две пресуди за грабежи на банки зад себе. Последен пат кога организирала грабеж во 2020 година, нејзиниот син рекол дека излегла од куќата лута, а му оставила порака дека ќе ограби банка. „Извини, не сакав да те исплашам“.

Бони Гуч сега е во затвор, а нејзината кауција е одредена на 23.000 долари.

Носејќи црна маска N95, црни очила за сонце и гумени ракавици, таа влегла во банката минатата среда и на вработената на шалтер ѝ подала белешка на која пишувало „Предај 13.000 долари во мали апоени“, според судските документи до кои дојде The Kansas City Star.

URL

Надзорната снимка покажува дека Бони Гуч удира по шалтерот во еден момент, наредувајќи им на вработените побрзо да ги предадат парите, соопштија обвинителите.

Полицајците од полициската управа одговориле на повиците за грабеж и ја нашле Бони Гуч во нејзиното возило „наполнето со алкохол“, со готовината расфрлана на подот.

„Кога полицајците првпат ѝ пријдоа, беа некако збунети… Излезе малата старица“, изјави началникот на полицијата Томи Рајт за The Kansas City Star.

„На почетокот не бевме сигурни дека ја имаме вистинската личност“.

Првиот грабеж на банка на Бони беше во Калифорнија во 1977 година, а вториот во 2020 година, каде што наводно на вработена на шалтер ѝ подала роденденска честитка на која пишувало „Ова е грабеж“.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Свет

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Read more

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе