Аплауз за здравствените работници кои несебично се грижат за пациентите со COVID-19
Министерот за здравство Венко Филипче додели признанија на здравствените работници кои посветено се грижат за пациентите заболени од COVID-19.
„Аплауз за здравствените работници!
На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од COVID-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ „8 Септември“, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои.
Миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси. Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од COVID-19. Чистите раце спасуваат животи“, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил.
*Фотографиите се преземени од Facebook профилот на министерот Венко Филипче.