Audi го претстави редизајнираниот модел Q2
Audi ја претстави освежената верзија за својот најмал SUV, а тоа е моделот Q2.
Audi Q2 има промени на предниот дел – поинаква решетка за ладилникот и нови LED светла кои се вклучени во стандардната опрема. За новите модели имаат подготвено и Matrix LED технологија.
На почетокот на продажбата ќе биде достапен само еден мотор, а тоа е 1,5-литарски четирицилиндричен турбо бензин мотор кој развива 150 коњски сили и 250 Nm максимален вртежен момент. Купувачите може да бираат помеѓу 6-степен мануелен менувач и 7-степен автоматски менувач.
Нарачките почнуваат од октомври.