Bild: Напаѓачот во Виена нападот го најавил на Instagram

Б.С.Б.
/ 03.11.2020 / 10:45

Германскиот Bild пишува дека главниот осомничен за вчерашниот терористички напад во Виена чинот го најавил на Instagram. Негови фотографии со оружје биле објавени на денот на нападот и терористот вчера на неговите пријатели им испратил снимка од нападот на Charlie Hebdo од пред 5 години.

Полицијата и понатаму ги истражува нападите низ центарот на Виена при што беа убиени најмалку три лица, како и еден од напаѓачите, додека 17 се повредени.

На фотографија од Instagram се гледа маж со брада и црна капа како позира со пушка, пиштол и мачета. Токму со тоа оружје беше вооружен и напаѓачот кој беше убиен од полицијата.

URL

Најмалку еден од осомничените е во бегство. Низ улиците на Виена се распоредени околу 1.000 полицајци додека истрагата е во тек, а граѓаните се замолени да не доаѓаат во центарот на градот.

URL

Австриските власти порачаа дека напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава. Убиениот напаѓач е 20-годишно момче, родено и израснато во Виена. Тој бил еден од 90 австриски исламисти кои сакале да одат да се борат во Сирија.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе