BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини

BINANCE, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, денеска соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“.

Основачот и извршен директор на Binance, Чангпенг Жао, прво на Twitter објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути. Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи оваа ситуација, отколку мојата првична проценка“.

Жао додаде дека „ова влијае само врз биткоин мрежата“ и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како BEP-20“.

-Средствата се SAFU, додаде тој, а SAFU е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници“, што е фонд што Binance го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства.

Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 отсто, или под 24.000 долари за парче, што е  најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација.

Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент  камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови“ и дека тоа го прават со цел „Целзиус денеска го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето“, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе