Битиќи советува: Преквалификувајте се за да добиете пристојно работно место

Преквалификација за избор на достоинствено работно место е решение за намалување на невработеноста кај нас, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. За него стапката на невработеност кај нас е сѐ уште загрижувачка, но тоа вели дека е резултат на погрешните политики на неговите претходници изминатите децении.

„Стапката на невработеност во нашата земја сѐ уште е висока. Според последните податоци од Државниот завод за статистика и Агенцијата за вработување стапката на невработеност е 13,7%. Тоа е висока стапка на невработеност и јас сум кажал дека, долгорочно, решението е нашите луѓе да се осмелат да се преквалификуваат и да прифатат достоинствени работни места. Мене ме радува фактот дека можеби некогаш, одредени ситуации неприродно се случуваат, како што е миграцијата, но ги натераа во приватниот сектор да даваат подостоинствени плати од претходно. Затоа сметам дека секој тек или случување во одредено време се случува со причина. Причината овде е дека сите, и во приватниот сектор, ќе треба да разбереме дека нема повеќе работници кои се плаќаат под достоинството на работникот затоа што секогаш ќе има опција“, рече вицепремиерот Битиќи на бизнис-форумот за одбележување 30 години од воспоставувањето дипломатски односи со Финска.

За креирање достоинствени работни места, Битиќи вели дека оваа Влада има конзистентни политики како што е законското решение за поддршка од државата само ако платата во компанијата е над 50% од минималната плата, сума која се доближува до просечната плата. Ваквите политики Битиќи очекува да ја вратат вербата на граѓаните за вработување и кај нас и да го намалат иселувањето.

реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе