Браќата Тејт може да бидат екстрадирани во Велика Британија

А.С.
/ 13.03.2024 / 08:44

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан може да бидат екстрадирани во Велика Британија, одлучи романскиот суд.

Ендрју Тејт (37) и Тристан (35) беа уапсени вчера во Букурешт, откако полицијата во Бедфордшир соопшти дека добила налог за нивно апсење. Браќата може да бидат екстрадирани само откако ќе заврши нивното одвоено судење во Романија поради сомневање за трговија со луѓе, одлучи судијата.

Тие повторно беа пуштени од притвор да се бранат од слобода.

Ендрју Тејт по излегувањето од судот изјави дека тој и неговиот брат Тристан се „невини луѓе и тоа ќе се покаже со време“.

„Возбудени сме што ќе го завршиме овој судски процес и ќе ја расчистиме дамката од нашите имиња.“

Браќата Тејт, кои категорично ги отфрлаат сите обвиненија, ќе останат под судски надзор во Романија, според кој им е забрането да ја напуштат земјата.

Пријавите се однесуваат на периодот од 2012 до 2015 година

Пред Апелациониот суд во Букурешт да ја одобри екстрадицијата, полицијата во Бедфордшир потврди дека добила налог за апсење на двајцата мажи како дел од истрагата за наводите за силување и трговија со луѓе.

„Разбираме дека ова е вознемирувачка тема и дека луѓето би можеле да бидат под влијание на она што го гледаат во вестите“, се вели во соопштението на полицијата. Според правните застапници на браќата, обвинувањата датираат од 2012-2015 година.

Еден од адвокатите на браќата Тејт, Еуген Видинеак, рече дека ја цени одлуката на Апелациониот суд во Букурешт, кој ја одложи нивната екстрадиција.

„Оваа пресуда дава можност браќата целосно да учествуваат во нивната одбрана и правниот процес да се одвива на транспарентен начин.“

Романските власти истражуваат одделни наводи за силување, трговија со луѓе и создавање криминална група, наводи кои браќата категорично ги негираат.

Во декември 2022 година, браќата беа уапсени од романските власти и на крајот беа ставени во домашен притвор во градот Волунтари, на периферијата на Букурешт. Куќниот притвор им беше укинат во август минатата година, но им е забрането да ја напуштат Романија.

Тејт постојано повторуваше дека обвинителот нема докази против него и дека сето тоа е една голема завера за да се замолчи.

реклама
 

Ново

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе