Бројот на новозаболени и натаму трицифрен, во Скопје 1.865 активни случаи

Нови 102 нови случаи на COVID-19 од 1.356 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа пет лица од Скопје, Кичево, Куманово, Прилеп и Штип. Регистрирани се 99 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројот на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

Од вкупниот број активни случаи – 4.181, во Скопје има 1.865, во Штип 419, во Куманово 294, во Тетово 270, во Гостивар 240, во Свети Николе 192, во Струга 191, во Дебар 124.

Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника примени се девет, а вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, четири позитивни деца и два пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 пациенти, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Од скопските општини активни случаи има во Чаир – 262, Аеродром – 205, Бутел – 128, Гази Баба – 193, Центар – 150, Карпош – 165, Сарај – 105, Кисела Вода – 179, Ѓорче Петров – 129, Студеничани – 92, Шуто Оризари – 125, Арачиново – 36, Илинден – 25, Петровец – 19, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 21 и Зелениково осум. Има и осум активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.

Надлежните и натаму препорачуваат дека единствениот начин за излез од оваа здравствена криза се задолжителното носење маски и одржувањето физичка дистанца. Доколку се придржуваме до превентивните мерки, посочуваат, бројот на заболени од COVID-19 ќе се намалува. 

реклама

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Read more

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Путин му подарил портрет на Трамп

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Македонија

Зелениково и Чучер Сандево денеска без струја

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more
 

Вести

Зелениково и Чучер Сандево денеска без струја

Читај повеќе

Путин му подарил портрет на Трамп

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Читај повеќе
  • play_arrow

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Читај повеќе

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Читај повеќе

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Читај повеќе

Трамп најави нови царини за Венецуела: Пратија илјадници криминалци во Америка

Читај повеќе

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Читај повеќе