Брутално искрен карантински дневник на мајка со четири деца
Илустраторката Таис Вандерхејден од Белгија е мајка на четири деца која во текот на карантинот го илустрира уникатното секојдневие со нејзините деца. Најверојатно многу родители ќе се препознаат во овие сцени во сегашното секојдневие со нивните деца.
Илустрациите ги почнала во март, кога нејзината земја прогласила карантин и рестрикции во движењето. Осумте недели оваа мајка, која истовремено и работи од дома како писател и илустратор на детски книги, ги минала „креативно“ со нејзините четири деца.
Иако за Bored Panda вели дека „преживеала“, а косата ѝ изгледа неуредно, вели дека имале и доста забавни заеднички моменти. Од првиот ден во карантинот таа веднаш почнала да црта илустрации за нивното секојдневие минато во време на пандемија.
Ви изгледа ли познато:)