Фотосторија: Напуштени убавици низ Сардинија
Француски фотограф и графички дизајнер кој твори под псевдонимот Jahz Design направи фотосторија од напуштени објекти низ италијанскиот остров Сардинија. Хотели, фабрики, цркви и индустриски постројки кои некогаш биле полни со живот сега се оставени да ги гризе забот на времето.
Фасциниран од состојбите на овие недопрени места и предмети, веќе една деценија ги фотографира за да ги зачува од заборав.