Царовска: Реформата не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање

Реформата во основното образование никако не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, изјави вечерва министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Со години го бираме тајмингот за да го реформираме основното образование, што е основа за образовниот систем. Ние не зборувавме за историја кога се правеше концептот. Историја како и другите предмети го гледаме како научна дисциплина која треба да се организира и да се поврзе тематски, рече Царовска во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, додавајќи дека не станува збор за тоа дали некој ја оспорува нашата историја, туку се работи за образовна реформа која треба да даде основа.

Таа посочи дека предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество.

Концепцијата, како што рече, е работена во период од три месеци, а се базира на знаења, искуства и истражувања.

– Министерот не пишува наставни програми. Наставната програма ја пишуваат експерти по дадена област, рече Царовска, додавајќи дека немаат задни намери и оти се што прават е транспарентно.

Царовска истакна дека сите релевантни фактори во државата биле запознаени со реформата која се подготвува и дека истата се очекува да биде дефинирана и да започне со имплементација од септември 2021 година.

– Ние не брзаме со креирањето на реформата, туку напротив доцниме. Концепцијата е предвидена во Законот за основно образование и веќе втора година доцниме со имплементацијата и тоа е фактична состојба, рече Царовска додавајќи дека за подготовка и воведување на целата реформа има доволно време од година и половина.

Таа посочи дека интегрираните наставни програми кои ќе се подготват по усвојувањето на концепцијата, нема да бидат новина во нашиот образовен систем бидејќи тие постојат и сега. Уште еднаш потврди и дека нема да има бришење на ниту еден предмет или содржини и дека и понатаму ќе се изучуваат историја, физика, хемија, географија, но научните дисциплини ќе бидат поставени модуларно.

– Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, затоа што оваа реформа не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање. Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја, истакна министерката за образоцвабие и наука.

Во однос на сексуалното образование, Царовска рече дека лажна вест е дека се воведува во второ одделение.

– Ние велиме изборен предмет во деветто одделение го ставаме сексуално образование, тоа е веќе на 14, 15-годишна возраст, длабоко во пубертет. Зборуваме за сексуалност и слика за себе, за тоа треба да се зборува, рече Царовска.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Македонија

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Read more

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Read more

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Read more
 

Вести

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Читај повеќе

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

Читај повеќе

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека ќе нема нови бугарски барања ако се смени Уставот

Читај повеќе

Ковачевски: Да не дозволиме да се вратиме во времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Читај повеќе

Голема промена во Германија - што е ново во здравственото осигурување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Повторно еруптира вулканот Руанг, прогласено највисоко ниво на тревога

Читај повеќе

Хутите погодија четири бродови во Индискиот Океан и Црвеното Море

Читај повеќе
  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе