Четворица мртви во вооружен напад во САД

Четири лица се убиени во нападот синоќа во трговски центар во местото Берлингтон во северозападната американска сојузна држава Вашингтон каде што властите трагаат по извршителот на нападот.

„Потврдена е смртта на четири лица во трговскиот центар, напаѓачот го напуштил местото на настанот пред да дојде полицијата“, се наведува во соопштението на портпаролот на локалната полиција Марк Френсис објавено на Twitter. Според него, можено е напаѓачот да дејствувал сам, објави локалната телевизија Komo News.

Телевизиската мрежа ABC News, пак, претходно јави дека се убиени три лица. Убиени се три жени и еден маж е животно загрозен, а една жена се здобила со повреди кои не се опасни по животот.

Според локалните медиуми, поради пукањето во трговскиот центар „Cascade Mall“ во Берлингтон, 105 километри северно од Сиетл, кое се случило околу 19 часот по локално време, откажан е фудбалски натпревар во блиското средно училиште и сите се евакуирани.

Полицијата објави дека трага по напаѓачот, кого го опишува како латиноамерикански маж облечен во сива облека и кој последен пат бил забележан како се движи кон блискиот автопат,

„Трагедија вечерва го погоди Вашингтон. Нашите срца се во Берлингтон“, објави на Twitter гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли.

Овој напад доаѓа една седмица откако маж избоде девет лица во трговски центар во центарот на Минесота пред да биде застрелан. Федералното биро за истраги (FBI) тој напад го истражува како можен терористички акт.

Според телевизиската мрежа NBC News, вашингтонската полиција засега не смета дека станува збор за терористички чин во Берлингтон.

реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе