Chevrolet го претстави новиот Corvette Z06 со 670 коњски сили
Corvette ZO6 го движи најмоќниот атмосферски V8 мотор досега. Многумина се сомневаа дека овој модел ќе го движи алуминиумски 5,5 литарски V8 мотор кој располага со 670 КС и 623 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/час забрзува за само 2,8 секунди. Нема официјални податоци за најголемата брзина но се спомнува дека треба да достигне повеќе од 320 км/час.
За пренос на силата е задолжен 8-степен автоматски менувач со две квачила. ZO6 ќе се нуди со две каросериски верзии.
Со пакетот ZO7 Performance достапни се многу карбонски елементи меѓу кои и фелни на кои се гумите Michelin Sport Cup 2 R ZP.
Почетокот на производството/продажбата се очекува да почне од средината на наредната година.