Џафери: Не го оправдувам однесувањето на Адеми, но настанот беше испровоциран

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред новинарите го коментираше последното случување од пред два дена во Комисијата за европски прашање.

Тој соопшто дека не го оправдува однесувањето на претседателот на оваа Комисија Арбер Адеми, меѓутоа, според него, немилиот настан бил испровоциран.

– Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собрание, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место, рече Џафери, додавајќи дека инцидентот не го предизвикал Адеми, туку, како што рече „тие кои отидоа на говорница и кои го искорнаа микрофонот“.

Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува.

– Никој не треба да реагира така, ни власта, ни опозицијата. Тој е поединец, не оправдувам, туку упатувам порака да не се повторува, да не се случува, а нема да се случи ако никој не испровоцира. Ова е Законодавен дом тие се пратеници и имаат индвиидуална одговорност, тоа се прописите, рече Џафери.

Според Џафери, настанот треба да се гледа во целина, а не само во „исечоци“. Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата.

Прашан во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се расправа за разговорите со Бугарија, Џафери рече дека при поднесување на иницијативата не е испочитувана процедурата за доставување на материјалот до соодветното тело.

– Пратениците на 24-ти пратиле заклучоци од Брисел до Комисијата за европски прашања. Фактички деловникот пропишува дека сите нешта се доставуваат преку претседателот на Собранието и таков материјал не сум примил, ниту е адресиран таков материјал до мене. Материјалот е адресиран директно до Арбер Адеми, кој не е надлежен да споделува материјал, кој е дојден до него. Според Деловникот сите материјали се доставуваат до претседателот на Собранието, кој веднаш, најдоцна до три дена треба да го прати до пратениците и да почне законодавната постапка. На самата седница може да се дополни дневниот ред, но материјалот треба да е дојден до мене, да ја добие постапката, процедурата да се почитува, нагласи Џафери.

Во однос на денешната седница за пратенички прашања и за утрешната поднесена интерпелација за него, Џафери рече дека очекува атмосферата да биде парламентарна, без оглед кој ќе биде видот и начинот на поставување на прашањето.

– Не очекувам да има никаков проблем, по однос на редот во пленарна сала. Утре истоветно, зошто би имало проблем, кога интерпелацијата се однесува на мене, рече Џафери.

Одговарајќи на прашање околу изјаснувањето на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, дали припаѓа на мнозинството или опозицијата, Џафери рече дека штом во поднесената изјава дека се изјаснува како независен пратеник, како што рече, „по дифолт испаѓа дека тој припаѓа на мнозинството“.

– Тој се изјасни дека излегува од партијата Алтернатива и од дента кога ми пушти писмо, тој се изјасни како независен пратеник во смисла дека веќе не почитува партиски одлуки од Алтернатива. Фактот што не се изјасни по однос на мнозинство или опозиција, значи останува официјално во мнозинството, бидејќи не се изјаснил по тој статус. Тој само се издвоил, заклучи Џафери. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе