Џафери: Работев согласно Протокол за спроведување на мерките за COVID-19,

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на прес-конференција се обиде да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашните 32. и 36. седница и што му претходело на оваа постапка и зошто се дозволило присуство на двајца пратеници позитивни на COVID-19.

Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со COVID-19 од ноември минатата година прифатен од државната надлежна комисија, рече дека се консултирал со многу лица пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот.

Исто така, тој ги посочи лицата кои биле во работната група и на проверка на протоколите што се спроведуваат во Собранието.

– Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститувната седница. Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опција да се размисли за онлајн работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата, рече Џафери.

Овој протокол, според претседателот на Собранието, бил претставен на координаторите на пратеничките групи на првата координација и поделен на координаторите.

– Имајќи ги предвид состојбите на 17 ноември 2020, до државната Комисија, односно до Министерството за здравство, поднесов предлог за дополна на Проколот, за да се размисли стручно исто како лицата што се изолирани поради контакт со позитивно лице, а не се згрижени во здравствени институции, туку се лекуваат дома, доколку здравствената состојба им дозволува да можат по посебен протокол да доаѓаат во Собранието. Добив одговор на 18 ноември со кој што се дополнува претходниот протокол и ги опишува условите под кои треба да се внесат пратениците во Собранието, во посебни простории и дека куполата може тоа да го овозможи и тоа е спроведено, рече Џафери.

Според него, дополнувањето на протоколот е претставен на координаторите на пратеничките групи на 23 ноември, но во тоа време координаторите на пратеничките групи од опозицијата, поради измената на Деловникот што го пуштил Џафери за одржување онлајн седници, не учествувале на средбата. Тој имал дополнителна средба со нив и ги известил за дополнувањето на протоколот.

– Но, ценам дека не треба да се доведеме во ситуација. Досега водам преговори да не се доведам во ситуација да се условува кворумот во ситуација кога знаете дека колегите ви се болни, ниту е етички ниту е морално, рече претседателот на Парламентот.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе