Дали Бајден би можел да биде претседател на 82 години?

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе изврши рутински систематски преглед клучен за најстариот американски претседател досега, пред изборите што ќе се одржат во 2024 година.

Белата куќа вети дека ќе го објави лекарскиот извештај за 80-годишниот претседател. Бајден го имаше својот последен рутински преглед на 19 ноември 2021 година, вклучително и колоноскопија под општа анестезија.

Републиканската кампања за изборите во 2024 година веќе започна сериозно, така што овојпат наодот ќе биде под уште поголема лупа.

И покрај слабите резултати од анкетите, демократот Бајден веќе извесно време најавува дека има намера повторно да се кандидира, што може да доведе до реванш меѓу него и неговиот претходник Доналд Трамп.

Пред да биде ставен под анестезија, Бајден ги префрли своите овластувања на потпретседателката Камала Харис на 1 час и 25 минути, со што Харис стана првата жена со претседателски овластувања во американската историја.

Докторот на Бајден, Кевин О'Конор тогаш рече дека Бајден е здрав човек подготвен да ги извршува претседателските должности.

Но, тој укажа и на релативно мали знаци на старост, како што е вкочанетото држење на Бајден, кое го припишува на благото нервно нарушување кое ги погодува стапалата, како и честа кашлица предизвикана од рефлукс.

Бајден не пуши, не пие, спортува и нема сериозни здравствени проблеми од операцијата на мозокот во 1988 година.

Минатиот јули, тој беше позитивен на тест за КОВИД, но имаше само блага форма на болеста. Но, неговата возраст често е мета на републиканската опозиција.

Некои од неговите противници тврдат дека тој не е целосно трезвен и истакнуваат моменти на збунетост и неопределеност. Бајден во неколку наврати спомна дека пелтечел како дете.

Ники Хејли, 51-годишната републиканка која неодамна се приклучи на кампањата за изборите во 2024 година, во средата повика на психолошко тестирање на сите кандидати кои имаат над 75 години.

Тестирањето ќе се однесува и на поранешниот претседател Трамп, кој наполни 76 години, и кого Хејли го предизвика со нејзината кандидатура.

Хејли, поранешна амбасадорка во ОН, се надева дека тоа што американскиот електорат сака нови, млади лица во политиката, ќе ѝ оди во прилог. Анкетите покажуваат дека многумина подеднакво не сакаат ни втор мандат на Бајден, ни реизбор на Трамп.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Свет

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Read more

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Read more

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе