Олабавени рестриктивните мерки

Денеска без полициски час, од утре ќе трае четири часа

Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам, а веќе од утре тој ќе биде скратен и ќе трае од полноќ до 4 часот наутро. Владата вчера ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести и ги олабави рестриктивните мерки до 18 мај.

Се продолжува и работното време на угостителските објекти до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.

Од денеска почнуваат со работа и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа. Се дозволува и организирање на инвент настани, но за нив, ќе важат истите протоколи од претходно, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика.

Засега, како што во понеделникот изјави министерот за здравство Венко Филипче, останува забраната за свадби и концерти, а сè уште е рано и за неносење на заштитни маски на отворено.

– Сè уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави Филипче во одговорот на новинарско прашање, додавајќи дека треба да се причека уште недела до две за една ваква препорака.

Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките. Согласно одлуката донесена на вчерашната владина седница, дозволено е бројот на деца во воспитните групи до две години да се зголеми на 15, а кај воспитните групи од 2 до 6 години на 20 деца.

Предлогот за олабавување на мерките во понеделникот го донесе Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе