Денеска се празнува Свети Трифун, празник на виното и љубовта

Православните верници денеска го слават Свети Трифун, заштитникот на лозјата и работата на полињата. Се занимавал со домашно стопанство и чување гуски, но бидејќи бил верен на верата Христова, Бог го дарувал со чудотворен дар, па со молитви исцелувал многу болни од разни болести.

Се вели дека, меѓу другото, ја излекувал и Горда, ќерката на римскиот цар Гордијан, која боледувала од ментална болест од која ниту еден лекар не можел да ја излечи. Царот за тоа богато го наградил, но сите подароци Трифун им ги поделил на сиромашните.

Кога на римскиот престол дошол царот Декиј, Трифун многу страдал, но со задоволство ги поднесувал сите тие маки, велејќи: „О, да бидам достоен, да завршам со оган и маки во името на Господ Исус Христос и Бог мој!“. Мачителите го осудиле и го убиле во 250 година.

Свети Трифун се смета за заштитник на полските култури, а православните цркви, верувајќи во чудната моќ на молитвеното застапништво на светиот маченик Трифун, воспоставиле посебен молитвен чин, кој се извршува на ниви, лозја или градини, доколку се оштетени од инсекти, глувци и други животни.

При извршувањето на овој чин се зема масло од кандилото на Свети Трифун и Богојавленската вода, па свештеникот ја преминува нивата, градината или лозјето, а меѓу другото ги чита и „зборовите на светиот маченик Трифун“.

Поради тоа, нашите лозари го слават Свети Трифун како заштитник, па тој ден одат по лозјата, закројуваат лоза и наводнуваат со вино, за да му ја вратат ослабената сила на лозјето по долгото зимско мирување, за да почне да цвета на пролет што веќе почнува да се приближува.

На Св. Трифун почнува февруари, се разбира според стариот календар. Ако врне снег или дожд на овој ден, ќе биде врнежлива и плодна година, ако е ведро, годината ќе биде сушна и неплодна.

Едно од верувањата на народот е дека со овој ден доаѓа пролетта, дека природата се буди, како и највисокото чувство кај луѓето - љубовта.

Според верувањето, Свети Трифун е чувар на растенијата и ги штити од разни штетници. Од него обично се бара да ги заштити нивите и лозјата од скакулци, гасеници и други инсекти.

Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трипун-пијаницата. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на Св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето пиеле од оваа вода, за која се смета дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш“. Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата, со цел да се забрза заминувањето на зимата.

Инаку, како што православните верници денеска го слават Свети Трифун, западната традиција го слави Свети Валентин. Меѓутоа, едно ги спојува - и двајцата светци, иако се слават во различни цркви, се заштитници на искрената љубов на сите христијани.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе