Десет жртви во САД од смртоносниот ураган Метју

Најмалку десет лица вчера ги загубиле животите на источниот брег на САД, што беше погоден од силниот ураган Метју.

Пет лица смртно настрадале во сојузната држава Флорида, а уште три во Северна Каролина. Две лица загинале во округот Булок во сојузната држава Џорџија, кога врз нивната куќа се урнале стебла, објавија официјални извори.

Ураганот Метју е најголемата бура што ги погоди САД во последните десет години. Од своите домови поради тоа беа евакуирани илјадници жители.

На Хаити во бурата загинаа 900 луѓе, а во Доминиканската Република четири, додека ураганот во последните неколку дена се движеше кон север.

Метју, кој и натаму се качува кон север, ослаби на јачина на ураган од прва категорија. Иако послаба од изминатите денови кога ги разори Кариби, најсилната бура од Атлантикот од 2007 година зад себе остави големи штети од поплавите и ветрот на Флорида, за потоа да скршне кон брегот на Џорџија и кон Јужна и Северна Каролина.

Американските власти сега повеќе стравуваат од порастот на водостоите, до три метра во некои области, отколку од ветриштата кои претходно достигнуваа и брзина од 230 километри на час. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе