ДИК: СДСМ води во 50, ВМРО-ДПМНЕ во 9, а ДУИ во 12 општини

По вчерашните локални избори во Македонија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини и во градот Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12. Ова  се резултатите на Државната изборна комисија по обработените 98,22 отсто од гласовите од првиот круг на локалните избори во земјава.

Во главниот град кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов води со 50 отсто, во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, со речиси 36 отсто.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски оцени дека генерална оценка е дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, согласно процедурите утврдени со Изборниот законик. „Во текот на денот, Избирачките одбори, Општинските изборни комисии се соочуваа со некои технички проблеми, меѓутоа ДИК преку соодветни упатства и инструкции ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден“, изјави Чичаковски.

СДСМ прогласи победа во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, додека во Аеродром водат со 51,84 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 44,17, во Бутел со 49,12, во Гази Баба со 47,82 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,38, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Центар од обработени 89,74 проценти од гласовите води кандидатот на СДСМ со 63,58 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,63 проценти. Во Шуто Оризари, кандидатот на СДСМ е во благо водство со освоени 39,79 во однос на Сојуз на Роми од Македонија со освоени 38,18 проценти.

Во Сарај води кандидатот на ДУИ со 33, 49 и во Чаир со 27,28 проценти.

Во останатите општини, СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново, со освоени 57,81 процент, во Берово со 60,96 проценти, Битола со 59,77 проценти, Богданци со 55,37 проценти, Босилово со 53,80 проценти, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51,  Гевгелија со 54,55, Дебрца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со  55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22 процента, Конче со 55,23 проценти, Кочани – 55,80, Кратово -57,11, Крива Паланка -58,01, Кривогаштани -53,90, Крушево – 60,63, Куманово – 52,53, Лозово – 55,18, Маврово Ростуше – 55,85, Ново Село – 52,13, Охрид – 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45.

Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 46,16 проценти,  во Градско води СДСМ со 42,01 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 46,97 проценти, во Јегуновце СДСМ има 41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17 проценти, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32  пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44  пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден со 57,34 проценти, Петровец со 62,05, Сопиште со 50,78, а води во Штип, со 48,10 проценти, Брвеница со 25,42 процента, во Зрновци со 48,50, во Кавадарци со 49,36 проценти, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново Облешево 47,48,

ДУИ освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36 проценти и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99 проценти, во Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06 проценти, во Гостивар со 35,55 проценти, во Дебар со 39,93, во Долнени со 34,06 проценти, Желино со 43,90 проценти, Липково со 48,97, во Теарце со 29,86.

Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24 проценти.

Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06 проценти од гласовите.

Во Ранковце победник е Ивица Тошевски кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската патрија на Турците, во Чучер Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски.

ДПА води во Студеничани со 34,62 проценти од гласовите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе