Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024.

По потпишувањето, Димитриевски во изјавата за медиумите и јавноста рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина. Тој додаде дека колку се демократски, колку се праведни, дали се правилни изборите и дали даваат еднакви можности за сите, покажува реалноста.

„Големите политичи субјекти од народни, државни пари, ќе добијат за политички маркетинг 9 милиони евра, а малите политички партии по 8 илјади евра, па граѓаните нека заклучат“, рече Димитриевски и посочи дека:

„Во полн ек е претседателската кампања, за сите претседателски кандидати, и гледаме како се одвива. Голем број канадидати за парламентот се директно вклучени, инволвирани и се говорници што повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита. Но, на крајот последниот глас ќе го имаат граѓаните на 24 април“.

Димитриевски на крајот заклучи дека единствено граѓаните може да го подигнат нивото на демократијата, а секако е потребно да се измени законот за да биде еднакво за сите и да има правилни и демократски избори во Македонија.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе