Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот досега се заразиле вкупно 23.918.129 лица. Од нив починале 819.422, а оздравеле 16.443.087 луѓе.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 168 нови случаи на COVID-19, од кои 20 по направените тестови на влезните точки во земјата, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 243 смртни случаи и 8.987 заразени лица.

Никозија – На Кипар регистрирани се 14 нови случаи од 2.769 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.474 лица.

Белград – Од последниот извештај во Република Србија се тестирани примероци од 8.646 лица, од кои 106 се позитивни, а четири лица починале. Според веб-страницата covid-19.rs, во Србија има вкупно 30.820 потврдени случаи на коронавирус, а починале 705 лица.

Загреб – Хрватскиот национален штаб објави дека во последните 24 часа биле регистрирани 219 нови случаи на заразени со вирусот Sars-CoV-2, а две лица починале. Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, досега се пријавени вкупно 8.530 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 175 починале, а 6.124 се излекувани.

Приштина – Во Косово вчера се регистрирани осуммина починати, 136 новозаболени и 131 излекуван од COVID-19. Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 12.683. Од нив починале 488, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани со COVID-19 и ја совладале болеста достигна до 8.788. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.407 лица. Вчера се извршени 470, а од почетокот на пандемијата, вкупно 48.232 тестирања.

Сараево – Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 293 новозаразени лица со коронавирусот и 13 починати пациенти.

Сао Паоло – Бразил вчера регистрира 17.078 нови случаи на коронавирусот. Во земјата има вкупно 3.622.861 потврдени случаи. Вкупниот број на починати изнесува 115.309 лица.

Мексико Сити – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Мексико достигна 563.705, соопшти епидемиологот Хозе Луис Аломија. Во последните 24 часа, мексиканските лекари потврдија уште 3.541 случаи, што е за 407 помалку отколку во неделата. Досега од коронавирусот во земјата починале 60.800 луѓе, а во изминатите 24 часа пријавени се и 320 смртни случаи, 94 повеќе од претходниот ден.

Сукре – Во последните 24 часа во Боливија се потврдени 999 случаи на коронавирус, а во земјата се заразени вкупно 110.1148 лица, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство. Уште 69 лица починале од COVID-19, а 4.578 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Каракас – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Венецуела е зголемен за 774, а вкупниот број заразени достигна 40.338, соопштија локалните власти. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во земјата починале 337 лица, а 31.080 пациенти закрепнале.

Берлин – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 1.278 на 234.853, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Уште пет лица починале, а од почетокот на пандемијата, бројот на смртни случаи изнесува 9.227.

Токио – Јапонија во изминатите 24 часа регистрираше 495 нови случаи на COVID-19, а за прв пат од 20 јули бројот на новозаразени е помал од 500, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство. Уште 15 лица починале од коронавирусот, а од почетокот на епидемијата има вкупно 63.833 заразени и 1.209 смртни случаи.

Исламабад – Пакистан вчера регистрира 346 нови случаи на коронавирус, што е најниско ниво од април. Во Пакистан, повеќе од 290.000 луѓе се заразени со коронавирусот.

Пекинг – Во Кина се потврдени 14 нови случаи на COVID-19, а сите се пријавени кај лица кои пристигнале од странство, соопштија здравствените власти. Ова е деветти ден како не е регистриран локален пренос на коронавирус во Кина. Потврдени се и 16 нови асимптоматски случаи на COVID-19, споредено со 27 претходниот ден. Во Кина досега се потврдени 84.981 случаи на коронавирусот, а починале 4.634 лица.

Њу Делхи – Повеќе од 60.000 нови случаи на коронавирус се потврдени во Индија, а вкупниот број заразени во земјата изнесува 3,17 милиони. Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа уште 848 лица починале од COVID-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 58.000. Регистриран е и најголем број на закрепнати пациенти за еден ден – повеќе од 66.500.

Вашингтон – САД регистрираа уште 38.949 нови случаи на коронавирус и уште 474 смртни случаи поврзани со заразата, покажуваат денешните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Во САД се потврдени вкупно 5.740.628 случаи на COVID-19 и 177.226 смртни случаи.

Сиднеј – Во австралиската држава Викторија, во изминатите 24 часа се потврдени 148 нови случаи на инфекција со коронавирусот и осум нови смртни случаи од COVID-19. Бројот на новозаразени лица во Викторија во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, но сепак е значително помал од рекордот регистриран во оваа австралиска држава, кој е над 700. Во Австралија, од почетокот на пандемијата се потврдени повеќе од 25.000 случаи на COVID-19, од кои 525 луѓе починале.

Москва – Во Русија се потврдени уште 4.696 случаи на COVID-19, а вкупниот број на заразени достигна 966.198, објавено е денеска во Москва. Уште 120 луѓе починале од COVID-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 16.568.

Џакарта – Индонезија пријави 2.447 нови случаи на коронавирусот, а вкупниот број на заразени е 157.859. Уште 99 луѓе починале од COVID-19, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 6.858.

Будимпешта – Во Унгарија едно лице почина од коронавирус во изминатите 24 часа, а потврдени се уште 24 случаи на зараза. Вкупниот број на заразени сега е 5.215, а од COVID-19 починале вкупно 614 лица.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе