Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.562.626 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.062.952 пациенти, а оздравеле 27.517.395 луѓе.

-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на COVID-19, зголемен број во споредба со изминатите денови, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во изминатото деноноќие од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти 21 нов случај на COVID-19, односно 1.918 од почетокот на епидемијата.

-Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од COVID-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 638. Вчера се регистрирани 33 новозаразени и 46 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 15.971 лице, од кои како излекувани се водат 14.189 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.144 лица. Вчера се извршени 711, а од почетокот на пандемијата 73.287 тестирања со методот РТ-ПЦР.

– Бројот на новозаразени со вирусот во изминатите 24 часа во Франција е зголемен за 18.129, соопштија денеска француските здравствени власти. Ова е втор ден по ред како бројот на новозаболени ја надминува бројката од 18.000 и е само нешто помалку од рекордот поставен во средата – 18.746.

– Бројот на новозаразени со вирусот е зголемен во изминатите 24 часа во Италија за 4.458, објави италијанското Министерство за здравство. Ова е првпат бројот на новоинфицирани да надмине 4.000 од средината на април. Дваесет и две лица починаа во изминатите 24 часа, што е помалку од претходниот ден кога бројот на смртни случаи беше 31. Италија беше првата земја во Европа погодена од вирусот, имаше најголем број на смртни случаи по Велика Британија на европскиот континент – 36.083 и вкупно 338.398.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе