Doctor Strange 2 вкрстува со X-Men: Голема бркотница во најава

Доколку поради некоја случајност го гледавте Супербоулот, сигурно приметивте дека беше полн со добри трејлери, меѓу кои најголемо внимание привлече новиот филм на Marvel кој ни доаѓа летово - „Doctor Strange 2: Multiverse of Madness“.

Уште откако Доктор Стрејнџ ги отвори границите на мултиверзумот во најновиот филм за Спајдермен „No Way Home“ и претходниот анимиран филм „Into the Spider-Verse“, беше јасно дека мултиверзумот ќе биде богата тема во идните Marvel филмови. Дури и сцената за одјавување на последниот филм за Спајдермен беше практично претворена во трејлер за новото продолжение на филмскиот серијал за Доктор Стрејнџ.

56-тото финале на американската НФЛ е традиционалното место каде ги гледаме трејлерите за новите блокбастери кои пристигнуваат во текот на годината. Годинава фокусот беше на „Doctor Strange 2“, трејлер кој најави што можеме да очекуваме од 28-от филм базиран на универзумот на Marvel.

Премиерата е закажана за 6 мај 2022 година, а Бенедикт Камбербач сè уште е во улога на волшебник кој повторно ќе ги отвори вратите на мултиверзумот, поврзувајќи ги нашите универзуми со паралелни светови полни со суперхерои, но и негативци.

Вкрстување со светот на X-Men

Ако добро внимавате гледајќи го трејлерот, на 1:18 ќе го слушнете препознатливиот глас на Чарлс Завиер, попознат како Професор Икс, водачот на групата суперхерои на X-Men. Во постарите верзии него го глумеше славниот Патрик Стјуарт, додека кој ќе седне во фотелјата на психичкиот гениј можеме само да нагаѓаме. Интересно е што досега немаше појавување на член од тимот на X-Men во ниту еден филм на Marvel, надвор од нивниот серијал, иако на крајот од серијата „WandaVision“ се навести дека тоа може да се случи.

Во споменатиот дел од трејлерот, професорот Завиер вели „Треба да му ја кажеме вистината“, што навестува некое големо откритие или пресврт во филмот, но веруваме дека сето тоа вешто ќе биде скриено до премиерата на филмот. За оние кои ја гледаа серијата „WandaVision“, трејлерот ја прикажува Ванда Максимоф, попозната како Скарлетната вештерка, а можеби и Капетан Марвел, што дополнително ги спојува различните приказни во една голема чиј крај никако не се гледа.

Remote video URL

Приказната за паралелните универзуми ја следи приказната од последниот филм за Спајдермен и, се разбира, Локи, братот на Тор, голем негативец и мајстор за интриги. Доктор Стрејнџ бара помош од гореспоменатата Скарлетна вештерка, која живее далеку од сите, откако влијаеше на сеќавањето на целиот град (во серијата „WandaVision“). Дали е само до нас или не, но во овој трејлер изгледа прилично бесно, па има големи шанси да се појави во улога на негативец, било од овој или од некој друг универзум.

Нови ликови

Во новиот филм ќе видиме и нови ликови, како Америка Чавез, која има можност да отвори дупка во реалноста и да скокне во друг универзум. Тука е и Карл Мордо, поранешен сојузник на Доктор Стрејнџ, како и злобниот Стрејнџ Суприм... Во секој случај, нѐ чека забавно лето, со надеж дека студиото Marvel успеа да ја отплетка сериозно комплицираната приказна во која се заплетка.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе