Доларот стабилен, цената на нафтата благо порасна

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути на девизниот пазар стабилно се движи, блиску од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 109,70 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,75 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 144,55 на 143,05 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9970 долари, додека вчера во ова време беше 0,9980 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,10 отсто, на 94,12 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 88,67 долари.

Азиските берзи благо пораснаа

Цените на акциите пораснаа на азиските пазари во четвртокот, откако претходниот ден драстично паднаа, но инвеститорите се претпазливи од шпекулациите дека американската централна банка наскоро би можела да ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен поради високата инфлација.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,4 отсто околу 7 часот наутро, откако вчера потона за повеќе од 2 отсто.

Утрово на токиската берза индексот Nikkei порасна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,2 и 0,4 отсто. Во Јужна Кореја и Шангај, пак, тие паднаа меѓу 0,2 и 1 процент.

Најголем дел од азиските берзи го следат растот на Волстрит вчера, кога Dow Jones зајакна 0,10 отсто, S&P 500 околу 0,3, а Nasdaq индексот 0,7 отсто.

По остриот пад од претходниот ден, пазарот вчера малку се смири, но се тргуваше нестабилно бидејќи инвеститорите се несигурни за зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Како што покажа извештајот еден ден претходно, инфлацијата во САД во август беше 8,3 отсто, повисока од очекуваното, па надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки исчезнаа.

Всушност, имаше шпекулации дека ФЕД може да ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен на состанокот во септември.

„Инвеститорите си ги лижат раните, по остриот пад на пазарот претходниот ден. Разговорите за инфлација продолжуваат и податоците потсетија дека битката со инфлацијата е тешка и ФЕД треба да биде агресивна за да ги спречи инфлаторните притисоци“, рече Рајан Детрик, стратег во Carson Group.

Инвеститорите стравуваат дека подолг период на затегнување на монетарната политика ќе ја доведе економијата во подлабока рецесија.

Технички, американската економија веќе е во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали бележи пад на квартална основа, но засега рецесијата е плитка.

„Пазарите на капитал во моментов се на ничија земја. Добрите макроекономски податоци се намалени бидејќи централните банки ја заоструваат монетарната политика за да го забават растот, додека инфлацијата не се намалува доволно брзо. Изгледа дека ФЕД може да биде принудена да го забрза темпото“. - изјави Шон Дарби, стратег во Jefferies.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе