Екологисти ноќеска лоцираа рисица во близина на Стража: Ја крстивме Луна, бидејќи ја најдовме на полна месечина

Тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД) минатата ноќ лоцираше нова рисица, во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена.

„Среќна вест! Тимот на МЕД минатата ноќ лоцираше нова рисица, и тоа во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена. Рисицата Луна пред само неколку часа беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода“, велат од МЕД.

„Како дел од нашите редовни активности, нашиот тим заедно со тројца волонтери направи кафез-замка, која оваа среда беше поставена на планината Буковиќ, близу Стража. Половина час по полноќ, добивме аларм дека во кафез-замката има рис, и веднаш се упативме на терен. Стигнавме на локацијата околу 3 часот по полноќ и започнавме со редовната процедура при заловување на нов рис. Овој пат, среќни сме што рисот е женка, и е во одлична состојба. Тежи 18 килограми. Ја крстивме Луна, бидејќи ја најдовме на полна месечина“, вели Искра Манојлоска за Макфакс, координатор за комуникации во Македонско еколошко друштво.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од 5 денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот Европа. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Започнува да се пари во јануари до февруари, амалите се раѓаат во април.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе