Елизабет Дебики ќе ја игра принцезата Дијана во финалето на „The Crown“

Австралиската актерка Елизабет Дебики ќе ја игра Дијана, принцезата од Велс, во финалните две сезони на хит серијата „The Crown“ на Netflix.

Ѕвездата на „The Night Manager“ ќе ја „преземе“ улогата од Ема Корин која ја игра помладата Дијана во четвртата сезона што ќе има премиера есенва.

Принцезата Дијана (лево) и актерката Ема Корин (десно) како неа во сцена од серијата „The Crown“

Дебики ќе им се придружи на Џонатан Прајс и Имелда Стантон во финалните две сезони на кралската драма во кои ќе бидат опфатени 90-тите и раните 2000-ти.

„Духот, зборовите и делата на принцезата Дијана живеат уште во срцата на многу луѓе. Навистина ми е чест и привилегија што се приклучувам на оваа мајсторска серија на која сум навлечена од првата епизода“, вели Дебики во изјава што беше објавена на официјалниот Twitter профил на „The Crown“.

URL

Дваесет и деветгодишната актерка е позната по улогите во филмовите „The Great Gatsby“ и „Guardians of the Galaxy Vol 2“.

Во последните две сезони од серијата ќе биде опфатено распаѓањето на бракот меѓу Дијана и принцот Чарлс, како и нејзината смрт во 1997 година што го турна кралското семејство во криза.

URL

Исто така се очекува да бидат опфатени смртта на принцезата Маргарет и смртта на Кралицата Мајка, настани што се случија во интервал од седум недели во 2002 година, како и Златниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора истото лето.

Минатата недела беше соопштено дека актерот номиниран за Оскар Џонатан Прајс ќе ги „наследи“ Мет Смит и Тобијас Мензес во улогата на принцот Филип во четвртата и петтата сезона.

Имелда Стантон ќе ја замени Оливија Колман во улогата на Кралицата, а Лесли Менвил ќе ја игра принцезата Маргарет.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе