„Енекод“ нема можност да исплати плати на вработените во „Фени“

Бугарски „Енекод “ утрово писмено ги известил банките дека не е во можност да исплати плати на вработените во „Фени“.

Доцна синоќа банките дале рок на бугарската компанија заинтересирана за фабриката да исплати плати пред почетокот на рочиштето за стечај, закажано за денеска во 12 часот.

„Банките доверители ја информираат јавноста и вработените во ‘Фени’ дека утрово добија е-пошта од господинот Рајчо Кацаров од ‘Енекод’ со којa, покрај писмено доставување на понудата за преземање на ‘Фени’, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените“, известија банките.

Бугарската компанија синоќа усно им дала нова понуда за преземање на фабриката, а банките ги условиле да ја достават во писмена форма до почетокот на денешното рочиште за отворање стечај, да ја исплатат платата на вработените.

Условот не е исполнет и банките остануваат на ставот да се отвори стечај за фабриката кој ќе значи реструктуирање и рестартирање со нов инвеститор.

Банките најавија дека веќе имаат понуда од заинтересиран инвеститор, кој е подготвен веднаш по отворање на стечајната постапка да депонира 3 милиони евра во банка во Македонија, со цел подмирување на неодложните обврски и трошоци во постапката, вклучувајќи ги и платите на  вработените и другите обврски.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе