Ердоган му „украде“ девојка на Путин
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на заедничкото фотографирање за медиумите со рускиот колега Владимир Путин, кој е во официјална посета на Анкара, му „украде“ една од девојките кои застанаа покрај него, што медимуте го нарекоа вистински „Кодак момент“.
Турскиот лидер, додека се местеа за фотографирање, забележа декана неговата страна има наредено само мажи, а до Путин стојат три девојки.
Тогаш Ероган замоли една од учесничките на настанот да дојде на негова страна, најверојатно за да има „рамнотежа“ на фотографијата.