„Фени“: Банките добиле усна понуда од „Енекод“, Бугарите имаат рок денес до пладне да исплатат плати

Доцна синоќа банките кредитори на „Фени“ добиле нова понуда од бугарската компанија „Енекод“ за преземање на фабриката. Претставници од компанијата усно ги презентирале елементите на новата понуда.

„На банките им е потребно време да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата. Сепак, банките доверители потенцираат дека основен предуслов за докажување на сериозноста на понудувачите е претходно сопствениците најитно, најдоцна до почетокот на рочиштето закажано за 12 часот, да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства“, соопштија банките.

Кредиторите сметаат дека е можен повторен обид за одложување на рочиштето за отворање стечај за „Фени“, процес кој, според банките, е најдоброто можно решение за рестартирање на фабриката. Обидите за одложување на рочиштето банките ги оценуваат како спротивни на интересите и на директна штета на вработените и доверителите.

„Истовремено, информираме дека банките имаат добиено понуда од заинтересиран инвеститор, кој е подготвен веднаш по отварање на стечајната постапка да депонира 3 милиони евра во банка во Македонија, со цел подмирување на неодложните обврски/трошоци во постапката, вклучувајќи ги и платите на  вработените и другите обврски“, велат банките кредитори на „Фени“.

Рочиштето за стечај на „Фени“ е закажано за денес во 12 часот во Основниот суд во Велес. Група вработени во фабриката најавија дека ќе се појават пред судот во знак на поддршка за наоѓање решение за „Фени“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе