Филипче: Состојбата се подобрува, но нема олабавување на мерките

Првите 5.850 дози вакцини од Pfizer ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17.550 и најмалку уште толку во април. Се чека датум кога ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Ова го соопшти министерот за здрaвство Венко Филипче кој рече дека ќе има разговор со австрискиот министер за здравство за тоа кога и колку вакцини би можело да ни отстапи Австрија.

Во гостување во Дневникот на ТВ Канал5, Филипче рече дека први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани и дека вакцината за сите ќе биде бесплатна.

За да се надминат сомнежите кон вакцините, рече, се планира сериозна кампања преку националните медиуми и со нивна поддршка верува дека ќе се подигне јавната свест, а дека и СЗО размислува за некој вид сертификат за примена вакцина.

Во врска со „ивермектин“, кој некои граѓани го набавуваат од Грција, рече дека не е магичен лек, кај нас ќе се употребува кога ќе завршат административните процедури во Агенција за лекови и апелираше никој да не го купува, ниту да го зема на своја рака, туку само по индикација на лекарите зашто болеста COVID-19 е непредвидлива и има различни форми.

Ситуацијата со заразата во земјава се подобрува, но сè уште е рано, рече министерот, дека таа дефиннитивно спласнува. Трендот на помалку заразени се должи на почитување на мерките за што придонеле самите граѓани – затворените угостителски објекти, носењето заштитни маски и избегнатите големи собири.

– Но сè уште е рано да кажеме дека дефинитивно епидемијата спласнува и дека треба да ги олабавиме мерките. Далеку сме од тоа. Сè уште е во сила апелот да се почитуваат мерките, зашто ако го спуштиме гардот може да имаме нов пик, истакна министерот за здравство.

За плановите во 2021 година, Филипче соопшти дека има систем на инвестиции за реновирање здравствени установи и очекува дека во оваа година, по многу години најавување, ќе има официјален почеток на изградба на Клиничкиот центар.

Со кредит од Светска банка, ќе се реновираат и опремуваат болници, меѓу кои во Струмица, Ургентениот центар во Тетово и „Св. Еразмо“ во Охрид, а посочи и дека во функција на јавното здравство во иднина ќе останат модуларните болници отворени за COVID-19. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе