Филипче: Состојбата во Штип и Тетово постепено се смирува, останува уште Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која извести за состојбата со COVID-19 во нашата земја.

Како што претходно беше објавено, денеска се регистрирани 175 нови случаи.

Министерот извести за неколку поголеми кластери кои се појавија во државава. Во Охрид на семејна прослава со околу 200 гости се потврдени 8 позитивни пациенти со коронавирус, а околу 40 контакти се во изолација.

На свадба во Скопје досега 14 се позитивни, имало околу стотина гости, при што епидемиолозите се соочуваат со проблеми бидејќи гостите не соработуваат со нив.

Во штипските конфекции земени се 778 брисови, 126 лица се позитивни, хоспитализирани се 24, а сите останати се на домашно лекување или во самоизолација. 400 лица се контакти.

„Откако се направи овој пристап, тестирање, изолација, состојбата во Штип и Тетово се смирува, останува уште Скопје, нагласи Филипче, особено населбата Чаир каде има најголем број потврдени. Епидемиолозите се соочуваат со проблемот на давање на вистинити податоци. Сè уште не се почитуваат мерките за групирање, самоизолација и носење заштита. Со оглед на ова се засилени контролите“, вели Филипче.

„Владата веќе има донесено уредба со која се определува дека лицето кое дава лажни податоци или ја прекрши самоизолацијата ќе биде сместено во државен карантин“, вели Филипче.  

„Овој бран сè уште трае иако две од 4-те големи жаришта полека спласнуваат“, нагласи министерот.

Препораките на комисијата остануваат исти и барам да се почитуваат сите препораки бидејќи мора да се научиме да живееме со вирусот и да ги почитуваме основните мерки за заштита. Мора да се почитуваат и здравствените работници и да се кажуваат точни информации.

„Заради неточни податоци, повеќе здравствени работници се во самоизолација. Институциите мора да се почитуваат и сите препораки да се почитувааат за да ја добиеме оваа битка сите заедно. Животот мора да продолжи и не може да останеме вечно затворени, а тоа ќе се случи доколку ги почитуваме мерките“, вели министерот.

Прес-конференцијата е во тек и министерот одговара на новинарски прашања.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе