Ford ги претстави хибридните верзии на моделите S-Max и Galaxy
Понудата на Ford е зголемена со претходно најавените електрифицирани хибридни верзии кои сега се достапни за купувачите во Европа.
Хибридниот S-Max кој може да се купи во комбинација со 5 или 7 седишта и го движи 2.5-литарски бензин мотор на кој му асистира електричен мотор. Капацитетот на батеријата изнесува 1,1 kWh, а возачот во комбинација може да смета на 190 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч достигнува за 9,8 секунди.
Истата погонска комбинација Ford ја нуди со малку поголемиот модел Galaxy кој исто така е достапен со 5 или 7 седишта.