Ford има одговор за Model Y на Tesla
Ford ја прошири понудата за својот прв електричен модел, а на врвот на понудата за SUV Mustang Mach-E сега е верзијата GT со која Ford сака да биде конкуренција на Model Y на Tesla.
Mach-E GT го придвижуваат два електрични мотори кои испорачуваат 465 и 830 Nm максимален вртежен момент и батерија од 88 kWh.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,7 секунди и развива 200 км/ч.
Овој модел се очекува во средината на наредната година и ќе чини околу 64.000 евра.