Фотограф покажа како изгледа соживот на луѓе и диви животни
Неверојатните фотографии на кои се гледаат диви животни како се снаоѓаат и живеат во градовите и меѓу луѓето станаа вистински хит.
Кори Арнолд се прослави како комерцијален рибар и фотограф на диви животни. Неговата работа ја истражува врската помеѓу луѓето и природниот свет, со фокус на дивината на Алјаска. Неговиот последен проект „Cities Gone Wild“ се занимава со тоа како дивиот свет се прилагодува и напредува во урбаните средини.
Фотографиите на Арнолд ја покажуваат изненадувачката издржливост на животните како којоти, црни мечки и ракуни додека се движат низ бетонската џунгла и живеат заедно со луѓето.
„Cities Gone Wild“ нуди нова перспектива на дивината што ги населува американските градови.
Фотографиите на Арнолд покажуваат којоти како поминуваат по високи облакодери, ракун кој грицка ѓубре во задните улички и мечка како лежерно шета низ станбените населби.
Покрај тоа што го привлече вниманието на љубителите на уметноста и дивиот свет, серијата наиде на пофалби и од критичарите. Всушност, проектот неодамна му го донесе на Кори Арнолд првото место во категоријата Wildlife & Nature на Sony World Photography Awards во 2023 година.