Германската економија сè уште е многу зависна од Кина

Германската економија сè уште во голема мера зависи од Кина за снабдување со низа производи и суровини, и покрај напорите да се сврти кон други пазари, покажа денеска истражувањето на Германскиот економски институт DIW.

Увозот на Германија од Кина падна за речиси една петтина во 2023 година, но уделот на група производи што сочинуваат повеќе од половина од увозот, вклучувајќи хемикалии, компјутери и соларни ќелии, е речиси непроменет, откри DIW.

Зависноста од увоз на некои категории на производи, како што се фармацевтски производи и ретки минерали, како што се скандиум и итриум, дури е зголемена.

„Затоа сè уште нема знаци на јасно структурно намалување на ризикот, дефинирано како континуиран тренд во насока на значително намалување на увозот“, е заклучокот од истражувањето.

Околу 70 групи производи беа отстранети од списокот на стоки што Германија главно ги набавуваше од Кина, но беа заменети со други групи, така што вкупната бројка е само малку помала од 2022 година, лизгајќи се од 213 на 200 групи производи.

Шолц оваа недела патува за Кина

Студијата беше објавена пред патувањето на канцеларот Олаф Шолц во Кина оваа недела. Тој ќе биде придружуван од претставници на компании кои бараат поправеден пристап до кинескиот пазар. Истовремено, Европа стравува од бран евтин кинески увоз.

Шолц со себе ќе ги понесе извршните директори на Siemens и Mercedes и група министри, потврдувајќи ја континуираната важна улога на кинескиот пазар за германските бизнисмени.

Тоа е прво патување на Шолц во Кина по минатогодишното усвојување на стратегијата која предвидува „смалување на ризикот“ преку намалена економска изложеност на втората по големина економија во светот, но без конкретни мерки и обврзувачки цели, забележува Reuters.

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе