Грција ќе ја почне туристичката сезона порано – на плажа веќе од 1 март

Туристичката сезона во Грција годинава официјално ќе започне во март, порано од претходните години, рече министерот за туризам, нагласувајќи ги позитивните знаци за претстојната сезона на летни одмори.

2020 година беше најлошата во историјата на грчкиот туризам, бидејќи пандемијата го запре глобалното патување, па Грција ја посетија само седум милиони посетители, а туризмот оствари само четири милијарди евра приход, потсетува Reuters.

Голема побарувачка и голема динамика

Туристичкиот сектор сочинува една петтина од бруто домашниот производ (БДП) на Грција и го вработува секој петти работник во Грција. Лани почна да закрепнува, а туристичката сезона, која официјално започна во мај, на Грција ѝ донесе вкупно околу 10,5 милијарди евра приход.

Но, тие приходи се сепак значително помали отколку во рекордната година пред пандемијата со 33 милиони гости и приходи од 18 милијарди евра.

„Грчкиот туризам доживува голема побарувачка и динамика оваа година. Големите тур-оператори, големите авиокомпании сакаат да ја продолжат сезоната (од март до декември)“, изјави за Reuters министерот за туризам Василис Кикилијас. Има силни индиции дека претстојната туристичка сезона ќе биде добра, тврди тој.

Сезоната ќе биде подобра од ланската

Пораниот почеток на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во зимските месеци можат да се отворат, а тур-операторите да почнат порано да носат гости.

Кикилијас, кој беше министер за здравство во екот на пандемијата, не сакаше да даде прогноза за оваа година, но рече дека ќе биде подобра од 2021 година. Грција генерирала малку повеќе приходи минатата година отколку што целела, што министерот го наведува како „позитивен знак за оптимизам“.

Грција веќе ги олесни патните ограничувања воведени за борба против ширењето на инфекцијата со коронавирус, а на целосно вакцинираните гости повеќе не им треба негативен влезен тест.

„Од денеска Грција е отворена за сите гости, иако на 1 март годинава официјално започнува вистинската, летна сезона“, рече Кикилијас.

Бројот на заразени опаѓа

Како и поголемиот дел од Европа, Грција забележа нагло зголемување на бројот на заразени во јануари, поттикнати од омикрон, но бројките паѓаат и побарувачката за патувања постои, рече министерот.

„По големата светска здравствена криза, луѓето обично сакаат да патуваат, да уживаат во одморите, да трошат пари и мислам дека Грција е во најдобра позиција“, рече Кикилијас. „Точно, пандемијата сè уште не е завршена, но имаме алатки за борба против неа - вакцинации, нови лекови“, заклучува грчкиот министер во интервју за Reuters.

Во кварталниот преглед на економската состојба минатиот месец, Институтот IOBE предвиде дека туризмот ќе ѝ помогне на грчката економија да порасне за 4,5 до пет проценти оваа година. Приходите од туризмот треба да достигнат од 80 до 90 отсто од рекордното ниво од 2019 година, предвидува IOBE.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе