Груевски: Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати

Скопје, 27 јуни 2019 (МИА) – Денеска е спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати, напиша на Facebook поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој утрово беше донесен на сослушување во суд во Будимпешта во врска со барањето за негова  екстрадиција во Република Северна Македонија.

Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. При доаѓањето во судот тој одел со рацете покриени со палто, следен од две лица.

Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда на Република Северна Македонија дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.

Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега  и доби азил во Унгарија.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и  за овој предмет. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе